После легендарниот „Спејс Џејм“ филм во кој Душко Долгоушко и Мајкл Џордан на кошаркарскиот терен го спасуваат светот од чудовишта од вселената, време за продолжување во кое главната улога ќе ја има Леброн Џејмс.
Првиот дел излезе уште во далечната 1996 година, а снимањето на продолжение и премирата се закажани за 2021 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Филмот ќе биде во режија Теренс Ненс, познат по НВО остварувањето „Random Act of Flyness“, со продукцијатаќ е се занимава Рајан Куглер, режисерот на популарниот „Црн пантер“.
Засега потврдено е дека освен Леброн во филмот се појавуваат и хероите од цртаните Душко Долгоушко и Лола.
Овој филм со сигурност ја радува нешто постарата генерација која во 1996 година уживаше во првиот дел.
Потврдени и официјални информации нема, но низ американската јавност се шпекулира за некои делови од филмот.
Според таквите шпекулации Леброн ќе мора да излезе на крај со монструмите кои овој пат би требало да бидат од Голден Стејт Вориорс, токму како што тоа го направи Џордан пред 22 години заедно со Душко Долгоушко.
На почетокот премирата во киносалите на овој спектакл се најавуваше за 2020 година, но сега е потврдено дека тоа ќе се случи една година подоцона.
Space Jam 2 is dropping July 16th 2021 ? pic.twitter.com/bgJKUIJ4cT
— HIP HOP UPDATES (@RapAccess) February 22, 2019