Дома Трансфер зона Одредена цената за Роналдо: Многу клубови можат да си го дозволат

Одредена цената за Роналдо: Многу клубови можат да си го дозволат

Јувентус наводно одлучиле летоска да се ослободат од Кристијано Роналдо.

После очајната сезона, која може да биде уште поочајна доколку Интер или Милан го освојат Скудето, Јувентус мора да направи одредени корекции. Ќе има промени во играчкиот кадар, а можеби ќе замине и тренерот Андреа Пирло, но сега најмногу се зборува за првата ѕвезда Роналдо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Португалецот на индивидуално ниво имаше добра сезона, но сепак Јувентус во 2018. година го донесе со цел да ја освои Европа. Меѓутоа, трета година по ред ЛШ останува сон за Старата дама.

Сега италијанските медиуми пренесуваа дека Јувентус ќе го продаде Роналдо, а за да избегне капитална загуба, ќе го продаде за најмалку 29 милиони евра.

„За среќа, имаме уште една година договор со Роналдо, па така имаме време за разговор со него. Тоа моментално не е приоритет.“ – рече директорот на Јувентус, Фабио Паратичи.

Роналдо оваа сезона во сите натпреварувања постигна 27 погодоци на 32 натпревари, а од доаѓањето во Торино постигна 92 погодоци на 121 натпревар.

Како потенцијален клуб во кој Роналдо може да ја продолжи кариерата се неговиот поранешен клуб Реал Мадрид и богатиот ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…