Солзите во очите на Дани Карвахал во финишот од првото полувреме во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул зборуваа дека Шпанецот би можел да го пропушти Светското првенство.
Над Карвахал денес беа направени последните лекарски прегледи и ситуацијата е следната: Повреда на мускулот и пауза од 15 до 20 дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа значи дека ќе биде спремен за Мундијалот, но одлуката на крајот ќе ја донесе селекторот Лоптеги.
Шпанија првиот натпревар го игра за 19 дена против Португалија и очекувањата се Карвахал да се најде во составот. Можеби нема да игра на првиот натпреварот, но најважно за него е да отпатува.
Денешните прегледи треа три ипол часа и резилтатите за десниот бек на Реал Мадрид се позитивни, но како што кажавме последниот збор ќе го има Лоптеги.