Дома Македонски спорт Мак фудбал Одлично засилување во Чаир: Шкупи се засили со младински репрезентативец!

Одлично засилување во Чаир: Шкупи се засили со младински репрезентативец!

Тимот на Шкупи денес доби големо засилување за новата сезона.

Нов играч на овој тим ќе биде младинскиот репрезентативец Блертон Шеји кој одигра одлична сезона во дресот на Струга Трим Лум. Шеји беше стандарден во тимот, а Струга успеа да обезбеди излез во европските квалификации.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Трансферот беше потврден од страна на тимот на Струга, а Шкупи за неговите услуги ќе плати оштета од 70.000 евра.

Кога станува збор за личните услови тој потпиша договор на три години. Шеји е веќе второ засилување за Шкупи откако претходно беше промовиран Финск Зука.

Фото: Струга Трим Лум

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…