Реал Мадрид во текот на јануарскиот трансфер период беше на чекор од доведување на голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага.
Меѓутоа, 23-годишниот чувар на мрежата одлучи да ја одбие понудата од Мадрид. Потпиша нов договор со саканиот клуб и тоа до 2025. година. Кепа објасни зошто не сакаше да дојде во Реал на почетокот на годината. Причините се сосема јасни:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тоа е само поради спортски причини. Да останев во игра за заминување со репрезентацијата на Светското првенство во Русија, морав да имам добри настапи во клубот. Одлучив да останам во Атлетик и среќен сум поради таа одлука. Се радувам што ќе му помогнам на клубот во следните осум години“, објасни одличниот голман.
Кепа е еден од најдобрите млади голмани во Европа. Покрај Реал, се поврзуваше и со Јувентус, но тој очигледно одлучил да стане легенда на баскискот гигант. Реал од другата страна ќе мора да бара нов голман кој на „Сантијаго Бернабеу“ ќе мора да пристигне во летниот трансфер период.