Најголеми заслуги за тоа што ПСЖ не си направи проблеми во реваншот против Барселона има Кејлор Навас.
Навас во текот на натпреварот беше одличен. Иако Лионел Меси постигна еврогол со удар од далечина. Костариканецот му се реваншираше така што му одбрани пенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барса можеше да поведе со 1:2 и со тој резултат да ја врати драмата, но Навас го одбрани пеналот. Во таа ситуација во мислите на Навас бил неговиот колега Серхио Рико.
„Секогаш е тешко против Меси, но бев фокусиран и го одбранив. Оваа одбрана е за Серхио Рико и неговото семејство кое поминува низ тежок период“, изјави Навас после натпреварот.
На Рико вчера му почина неговиот татко и го пропушти последниот тренинг пред натпреварот, но собра сили и за натпреварот беше во протоколот.