Агентот на Наполи, Елиф Елмас, Џорџ Гарди откри дека за македонскиот „дијамант“ постои интерес од многу клубови од најсилните лиги.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Репрезентативецот од Македонија забележа шест гола и три асистенции во Серија А оваа сезона, а во последно време многу се шпекулира за неговата иднина.
„Мислам дека Елиф е многу потценет фудбалер, а станува збор за млад играч кој има огромно искуство зашто веќе четири години игра на највисоко ниво. Има огромен интерес за него, зашто е поливалентен фудбалер, кој може да игра на четири позиции“.
„Пред него е голема иднина, но ќе следи евалуација со новиот тренер на Наполи, ќе видиме дали тој ќе верува во Елиф, секако и со раководството. Во зависност од тоа ќе бараме решение. Постои интерес за Елмас од Премиерлигата, од Ла Лига и од германски клубови“, потврди менаџерот Гарди.