Дома Фудбал Останато Ова ќе го боли Бразилецот: Aнри објасни што треба да направи Нејмар за да излезе од сенката на Меси

Ова ќе го боли Бразилецот: Aнри објасни што треба да направи Нејмар за да излезе од сенката на Меси

Легендарниот француски напаѓач, Тиери Анри ги воодушеви навивачите на Барселона со изјавата на сметката на поранешниот играч на оваа екипа, Нејмар.

Нејмар пред почетокот на оваа сезона одлучи да ја напушти Барселона по четири години во овој клуб и да потпише за ПСЖ. Бразилецот така стана најскапиот играч во историјата, бидејќи Парижаните платија дури 222 милиони евра. Сепак, заминувањето во ПСЖ ги изненади сите, а наводно тоа го направил за да излезе од сенката на Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека Нејмар сака да стане најдобриот фудбалер во светот и свесен е дека тешко би можел да го направи тоа во иста екипа во која игра и Меси. На оваа тема се осврна и легендарниот напаѓач на Арсенал и Барселона, Тиери Анри, кој објасни што треба да направи Нејмар за да не биде во сенка на Аргентинецот.

„Нејмар бил во сенка на Меси во Барселона? Па, секој фудбалер во светот е во сенка на Меси, тоа е факт. Ако толку Нејмар сака да излезе од сенката на Меси, тогаш му препорачувам да почне да се занимава со некој друг спорт, бидејќи тоа е единствениот начин“, изјави Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пред две години играше во втора лига, а вчера беше херој на својот тим во полуфинале од ЛШ

Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуф…