Реал Мадрид го претекна Манчестер Јунајтед и стана најбогат фудбалски клуб во светот, покажа традиционалното класирање на „Делојт“.
Победникот во Лигата на шампиони минатата година генерирал приходи во висина од 750,9 милиони евра. На второто место е вечниот ривал на „кралевите“, Барселона чии приходи изнесуваат 690,4 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Досегашниот лидер Манчестер Јунајтед сега е на третото место со годишен приход од 666 милиони евра.
Големата петорка ја комплетираат Баерн Минхен и Манчестер Сити. Во Топ 10 има вкупно шест клубови од Премиер лигата, што е рекорд.
Финалистот од ЛШ, Ливерпул има најголем прогрес на табелата, минатата година беа на 9-то место, а сега се на 70-то.
Ова е класификацијата на 20-те најбогати клубови во светот: