Дома Топ вести Ова се опциите за Месут Озил

Ова се опциите за Месут Озил

Германскиот репрезентативец најверојатно ја игра својата последна сезона во Арсенал.

Месут Озил оваа сезона целосно потфрли, Германецот не е на нивото од завршницата на претходната, а бидејќи има договор со Арсенал до крајот на оваа сезона, станува јасно дека повеќе нема да го гледаме во дресот на тимот на „Емирати“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Преговори за нов договор сеуште нема, а и самиот Озил наводно изразил желба да го промени клубот наредното лето.

Се шпекулираше дека интерез за неговите услуги покажал Манчестер Јунајтед, како и дека и Озил би имал желба да соработува со Мурињо, но Германецот не би имал ништо против враќање во Реал Мадрид или трансфер во Барселона.

Сепак, прашање е колку ваков Озил му е потребен на Зидан. Од друга страна пак Барселона има проблеми со средниот ред, па би можеле да размислат за оваа опција, посебно што за неговите услуги не ќе мораат да плаќаат оштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…