Фудбалерите на Ливерпул не ја отворија многу лошо сезоната, но навивачите на славниот англиски клуб секогаш бараат подобро и повеќе.
Поради тоа Јирген Клоп веќе почна да размислива за евентуални засилувања во зимскиот преоден рок, а посебно е заинтересиран за двајца фудбалери.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тоа се Вирџил ван Дијк од Саутемптон и Гулам од Наполи. Германскиот стратег смета дека со повие две засилувања ќе ја засили одбраната и ќе направи конкурентен тим кој ќе се бори за титулата во Премиер лигата.
Раководството на клубот е спремно да му ги исполни желбите и за тоа веќе одредиле буџет од 100 милиони фунти.
Доколку успеат да ги реализираат овие два трансфери и со останувањето на Кутињо на „Енфилд“, „црвените“ сигурно ќе можат да се надеваат на големи нешта.