Замислете да поминете 8000 километри и натпреварот на вашиот омилен тим да биде одложен…
Навистина лошо чуство, но токму ова му се случи на еден навивач на Виган. Имено, ширум Велика Британија веќе неколку дена владеат лоши времнски услови. Снегот и студот го променија секојдневниот живот на Островот, па така и во прашање доведоа многу фудбалски натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Логично, поголем број натпревари се одложуваат во пониските рангови каде што поголемиот дел од стадионите немаат адекватно греење, па и натпреварот од Лига 1, трето по ранг натпреварување во Англија помеѓу Виган и Бристол Роверс кој требаше да се одигра вчера мораше да биде одложен.
Теренот на стадионот во Бристол беше целосно заледен, па немаше услови да се одигра оваа средба, а тоа беа многу лоши вести за еден навивач на Виган, Вил Џонс.
Имено, овој симпатизер на Виган поминал 8.000 километри за во живо да го гледа својот омилен тим, но подоцна доживеал големо разочарување.
„Бев разочаран, но од минатата недела знаев дека постои можност натпреварот да биде одложен, па така по малку и бев спремен за такво сценарио“, изјави Џонс.