Дома Фудбал Англија Некогаш стандардниот премиерлигаш и поранешен освојувач на ФА Купот оди во стечај

Некогаш стандардниот премиерлигаш и поранешен освојувач на ФА Купот оди во стечај

Корнавирусот го „однесе“ првиот клуб жртва во Англија. Клубот кој некогаш беше стандарден премиерлигаш, а во 2013 година сензационално го освои ФА Купот отиде во стечај.

Имено, денес пристигна потврда дека во стечај оди Виган Атлетик кој во овој момент е член на Чемпионшип. Здружението на англиски клубови соопшти дека на Виган ќе му бидат одземени 12 поени. Казната ќе се применува различно, односно во зависност од тоа како клубот ќе ја заврши сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако клубот биде во сигурната зона по крајот на првенството тогаш ќе му бидат веднаш одземени бодови, а ако на теренот испаднат во Лига 1 тогаш казната од -12 бодови ќе им се пренесе во наредната натпреварувачка година.

Виган победи на сите три натпревари по продолжувањето на Чемпионшип. На шест натпревари пред крајот на сезоната избраниците на Пол Кок се на осум бода над зоната за испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…