Иако сезоната ја започнаа со освојување на два Суперкупа, сепак тимот на Зидан игра лошо во последно време. Во Примера заостанува дури 10 бода зад Барселона, а во ЛШ е на второто место во групата.
Сите во Реал се свесни дека тимот треба да се засили во следните преодни рокови, а и самиот Роналдо јавно изјави дека тимот е многу послаб со заминувањето на Хамес, Мората и Пепе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми го откриваат списокот со желби на Реал Мадрид и тој изгледа навистина импресивно. На прво место е одличниот напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн чија цена во моментов изнесува повеќе од 100 милиони евра.
Зидан токму од Тотенхем сака и засилување за средниот ред бидејќи заљубен во играта и квалитетите на Деле Али. Медиумите тврдат дека двете ѕвезди на Тотенхем наводно сакаат да се преселат во Мадрид.
Давид де Геа е најголемата желба за голманската позиција, а одбраната „кралевите“ ќе се обидат да ја засилат со дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос.
За засилување на нападот покрај Кејн, голема желба е и Пауло Дибала од Јувентус, кого не сакаат да и го препуштат на Барселона и во кого гледаат идеален наследник за Кристиано Роналдо.