Романскиот голман Татарусану го искритикува фудбалскуиот сојуз на Франција после смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.
Фудбалскиот свет во неделата го потресе голема трагедија која се случи во Италија откако беше објавено дека починал Давиде Астори. Капитенот на Фиорентина беше пронајден мртов во хотелската соба во Удинесе пред натпреварот во Серија А. Поради тоа беа одложени сите натпревари во Италија тој ден.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од УЕФА вчера објавија дека сите натпревари во ЛШ и ЛЕ ќе почнат со едно-минутно молчење. Меѓутоа, сите не покажаа почит кон Астори, а тоа го критикуваше голманот на Нант, Татарасану.
„Неделата беше најлошиот ден во мојот живот. Ова е скандал и недостиг на почит кон Астори. Не можам да поверувам дека на ниеден натпревар во Франција немаше едно-минутно молчење.“ – изјави голманот на Нант.