Дома Фудбал Англија Ова е причината поради која Мурињо мора да го победи Клоп

Ова е причината поради која Мурињо мора да го победи Клоп

Најголемото дерби во англискиот фудбал е на програмата денес од 13:30 часот, каде Јунајтед го пречекува Ливерпул. Навивачите на Сити со потсмев кажуваат дека не е битно кој ќе биде втор.

Легендата на Ливерпул Јан Молби тврди дека неговиот поранешен тим има подобри играчи, дека се подобри од Јунајтед, но дека на Мурињо сега најважната работа на светот му е да заврши пред Црвените.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тој го знае ривалството и мора да ги оправда 300. милиони фунти кои ги вложи, инаку луѓето ќе поставуваат прашања.“ – тврди Молби.

Од друга страна Мурињо кој овие денови е во вербална битка со Гери Невил и останатите критичари, вели дека 300 милиони не е доволно бидејќи цената за големите клубови е поголема.

„Ние плаќаме и поради нашата историја.“ – тврди Португалецот.

Што има спремано за денеска? Медиумите тврдат деќа ќе се обиде да ги промени работите, на Матиќ ќе го додаде Фелаини, на Санчез и натаму ќе му верува иако игра лошо и дека Мата ќе биде во стартниот тим.

Со други зборови значи дека ќе се потпре на искусните играчи, Валенсија и Јанг ќе бидат на бековските позиции, а Линделов и Смолинг ќе бидат штопери.

Клоп нема да менува ништо, Мане и Салах зад Фирмино, Ливерпул не доаѓа да се брани, ќе игра и Окс и Џан пред капитенот Хендерсон.

Да потсетиме, во овој момент на девет кола до крајот Јунајтед има два бода повеќе од Ливерпул, четири од Тотенхем, девет од Челси. Пласманот во топ 4 се чини дека е завршена работа, но како што кажавме сепак на Мурињо му е важно да остане втор, односно пред ривалот Ливерпул.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Буфон за катастрофата на Италија: Попрво ќе поверував дека ќе видам 1000 вонземјани

Легендарниот Џанлуиџи Буфон ја извршуваше улогата на шеф на делегацијата на италијанската …