Дома Фудбал Англија ОВА Е НЕЗАМИСЛИВО: Црвените ѓаволи се селат на Етихад?

ОВА Е НЕЗАМИСЛИВО: Црвените ѓаволи се селат на Етихад?

Лутите градски ривали, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити само еднаш во својата историја делеа иста адреса.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, „Црвените Ѓаволи“ и „Граѓаните“ во периодот од осум години настапуваа на ист стадион, на стариот стадион на Сити, „Мејн Роуд“. Тоа беше на половината од минатиот век, но тогаш друго решение немаше, бидејќи дел од Манчестер во кој е „Олд Трафорд“ беше тешко оштетен по бомбардирањето во Втората светска војна.

Манчестер Јунајтед тогаш настапуваше на „Мејн Роуд“ додека траеше реконструкцијата на „Олд Трафорд“, но поради тоа Јунајтед му плати на Сити. Нетролеранцијата меѓу градските ривали трае до ден денес, но „Црвените ѓаволи“ и „Граѓаните“ повторно би можеле да станат „цимери“.

Имено, Јунајтед планира да го реновира „Олд Трафорд“ и значително да го зголеми капацитетот на трибината „Сер Боби Чартлон“. Сепак, ова изгледа како комплексен проект, па Јунајтед ќе мора да пронајде нов, привремен стадион, додека работите на „Олд Трафорд“ не бидат завршени. А клубот кој сака да го прими Манчестер Јунајтед за време на реновирањето на својот стадион е токму големиот ривал, Манчестер Сити, пренесуваат британските медиуми.

Имено, како што пишува „The Sun“, Сити сериозно размислува да ги отвори вратите на „Етихад“ за Јунајтед, доколку се разбира побараат таква услуга. Сепак, едно е сигурно – изнајмувањето во секој случај ќе биде премногу скапо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел пред натпреварот со Мексико доби прашање за – вијагра!

Селекторот на Англија, Томас Тухел, со насмевка се соочи со прашањето дали неговиот тим уп…