Дома Фудбал Англија Ова е листата на желби на Мурињо, на неа 5 играчи од Реал Мадрид

Ова е листата на желби на Мурињо, на неа 5 играчи од Реал Мадрид

mourinho

Иако јануарскиот трансфер период само што заврши, јасно е дека Мурињо размислува за тоа кој би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ во летниот трансфер период.

„Црвените ѓаволи“ во јануари го доведоа Алексис Санчез од Арсенал, но јасно е дека ќе им треба уште неколку звучни засилувања за следната сезона да му се спротистават на градскиот ривал Сити. Листата на желби на Мурињо е огромна, но во првиот план има неколку играчи на Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањата на англиските медиуми, португалскиот стратег на листата на желби за летниот трансфер период има дури пет играчи од „Кралскиот клуб“. Мурињо е свесен дека мора да ја засили одбраната, а на управата на клубот им кажал дека во неговата тактика одлично би се вклопил Рафаел Варан.

Покрај него, тука е и Марко Асенсио и не е тајна дека „Црвените ѓаволи“ покажале интерес за него. Во средниот ред одлично би дошол и Иско кој би му помогнал на Пол Погба. Исто така, покрај овие играчи Мурињо нема ништо против доаѓањето на Тони Крос и Касемиро.

Но, јасно е дека Јунајтед нема да може да ги исполни сите желби на Мурињо, но сигурно дека Поргугалецот ќе биде презадоволен доколку барем еден од овие пет играчи на Реал стане жител на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…