Сандро Рамирез падна во заборав после минатата очајна сезона.
Поранешниот играч на Барселона кој со каталонскиот клуб ја освои и Лигата на шампионите, минатата година потпиша договор со Евертон откако клубот од Ливерпул ја активираше неговата откупна клазула од шест милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Евертон во првенството одигра осум натпревари и не постигна погодок. Една сезона претходно во Малага постигна 14 голови на 30 настапи.
Евертон на полусезоната одлучи да го испрати во Севиља. За овој клуб во Примера настапи на 13 натпревари и не се запиша во листата на стрелци.
Ова лето го доведе Сосиедад на позајмица, но ниту таму не ја подобри реализацијата. Во пет настапи не постигна погодок, а неговата очајна реакција пред голот во последниот натпревар најдобро покажува зошто е без лигашки погодок веќе 548 дена.
Funniest clip of the season so far comes from La Liga, with this effort from Real Sociedad’s Sandro Ramirez.. pic.twitter.com/zPSqDw3Eek
— Josh Slinger (@JoshSlinger) November 5, 2018