Откако со двата постигнати гола ги испрати Аргентинците дома од Светското првенство, а заработи и големи симпатии во јавноста откако изјави дека неговата заработка од Мундијалот ќе ја донира за болни деца, Килиан Мбапе стана една од главните ѕвезди на првенството во Русија.]
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен во фудбалот, на младиот фудбалски ас, очигледно му оди и во љубовта. Иако официјално ја немаат потврдено својата врска, медиумите забележаа дека сите негови натпревари редовно ги следи славната француска манекенка и бивша Мис Франција, Алисија Ајли.
Убавата Алисија минатата година ја понесе титулата за мисица, а паралелно со манекенството студираше и право на универзитетот во Француска Гвајана. Таа беше првата Мис Француска Гвајана која воедно беше крунисана и со титулата Мис Франција, а ја претставуваше Франција на изборот за Мис на Универзумот минатата година во Лас Вегас.