Навивачите на лондонскиот клуб не го кријат својот гнев поради уште една лоша сезона на Арсенал и повеќето од нив побараа од Арсен Венгер да го напушти „Емирати“ на крајот од сезоната.
Тренерот на Арсенал повеќе од десет години не успее да ја освои титулата шампион на Англија, а во финалето на Лигата на Шампионите последен пат одиграа 2006. година против Барселона кога беа поразени со 2:1. Заминувањето на Венгер е се поблиску, а францускиот стратег ги предупреди сите навивачи на Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дури и ако го напуштам Арсенал тоа нема да значи дека овој клуб ќе победува во секој натпревар. Не сакам повеќе да зборувам за тоа. Арсенал е на првото место и без оглед на тоа што ќе се случи, јас ќе бидам на клупата на Арсенал и следната сезона“, изјави Венгер на вчерашната пресконференција.
Оваа изјава на Арсен Венгер ги налути навивачите на Арсенал кој со нетрпение го чекаат заминувањето на Французинот од кормилото на Арсенал.