Наполи денес одигра реми 0:0 против Милан и практично Јувентус против Сампдорија ќе има меч топка.
„Сан Сиро“ денес беше преполн. Гостите беа во ситуација во која мораа да победат, но Милан им се испречи на патот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобрата шанса за Милан ја имаше Калиниќ кога не ја зафати топката најдобро со глава, се обиде и Боновентура, на другата страна прилика имаше Мертнес, но Донарума интервенираше.
Хамшик, Инсиње и Каљехон од изгледни позиции не успеваа да ја погодат рамката од голот, а после бомбата на Чалханоглу беше поништен гол на Мусакио поради офсајд.
Во вториот дел гледавме фудбал со многу помалку шанси. Хамшик и Инисње имаа полуприлики за Наполи, Мила се закани во финишот преку неколку корнер и после влегувањето на Силва.
И потоа во 91 злантна прилика за Милик, зицер и неверојатна одбрана на Донарума која можеби ќе биде и избрана за интервенција на сезоната. Можеби одбрана и која за Јувентус значи Скудето.
Hell of save from Donnarumma #MilanNapoli pic.twitter.com/bW9X4GBo3F
— Scot Munroe (@scot_munroe) April 15, 2018