Дома Фудбал Останато Носталгичниот Емре: Серија А во фудбалот беше она што денес е НБА во кошарката

Носталгичниот Емре: Серија А во фудбалот беше она што денес е НБА во кошарката

emre

Легендарниот фудбалер Емре Белозоглу се уште нема намера да се прости од фудбалот иако само за неколку месеци ќе го прослави својот 38 роденден.

Емре на фудбалската сцена се појави пред 22 години кога дебитираше во дресот на Галатасарај. Овој играч за врска за турскиот гигант играше се до 2001 година, а потоа одлучи кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А. Емре имаше неколку понуди, но се одлучи на онаа од Интер.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во дресот на Интер помина четири години и пружи навистина одлични настапи. Летото 2005 година се пресели во Њукасл, а потоа направи нешто што фановите на Галатасарај нема никогаш да му го простат – заигра за Фенербахче.

Емре во интервју за италијанските медиуми се потсети на времето додека настапуваше за Интер, кога Серија А беше навистина најсилната лига во Европа. Турскиот ветеран призна дека жали што не останал подолго на Апенините, но порача дека Интер е тимот кој секогаш ќе биде во неговото срце.

„Италијанскиот фудбал не е како што беше некогаш. Серија А во фудбалот беше она што денес е НБА во кошарката. Сега клубовите од другите земји навистина многу вложуваат и Италија тешко го одржува чекорот. Интер секогаш ќе биде во моето срце“, изјави Емре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …