Клеј Томпсон на последниот меч со Торонто ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе паузира помеѓу шест и девет месеци.
Торонто ги детронира „воините“ и стана шампион за прв пат во својата историја. Дваесет и девет-годишниот бек беше фаулиран во третата четвртина од шестиот натпревар помеѓу Голден Стејт и Рапторс, по што го повреди коленото.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Томпсон, кој ја освои титулата на НБА во 2015, 2017 и 2018 година, присилно го напушти теренот, а потоа беше забележан како се движи со патерици.
Голден Стејт не можеше да смета и на Кевин Дурант, кој ја повреди Ахиловата тетива во петтиот натпревар против Торонто. Се очекува Дурант да ја пропушти целата следна сезона во НБА.