Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимата.
Оваа сезона, Матиќ е незадоволен од минутажата која му ја дава Солскјер и одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“, особено дека не му беше понудено продолжување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот пишуваат дека трансферот на Матиќ би можел да се случи во јануари, а има неколку конкуренти за неговиот потпис.
Денешното издание на „Газета дело Спорт“ тврди дека фаворит за неговиот потпис е Милан, кој веќе ги започнал преговорите за негов трансфер на „Сан Сиро“.
Матиќ е најголема желба на тренерот Пиоли, кој смета дека Србинот ќе донесе квалитет и искуство, а Малдини сака да му ја исполни желбата.
Интер веќе се откажал од ангажман на Матиќ, а најголем конкурент на „росонерите“ ќе им биде Атлетико Мадрид. Меѓутоа самиот фудбалер преферира преселба во Италија, па се очекува трансферот да се реализира во јануари.