Дома Македонски спорт Мак фудбал Нов разочарувачки пораз на Шкендија (видео)

Нов разочарувачки пораз на Шкендија (видео)

Македонскиот шампион Шкендија доживеа нов пораз во европските квалификации, овој пат на свој терен од Дуделанж (1:2).

„Црвено-црните“ загубија на националната арена „Тодор Проески“ иако првото полувреме го добија со 1-0 со погодокот на Ибраими во 7 минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Главен виновник за двата гола е младиот и неискусен голман на Шкендија Беким Реџепи кој го зазеде местото на Костадин Захов кој исто така правеше грешки на минатиот меч со Номе Калју.

Во 64-та минута успеа толку лошо да ја процени топката, па Бетаиеб израмни на 1:1. Само четири минути подоцна Реџепи направи прекршок врз противнички играч во сопствениот шестнаесетник и судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор на пеналот беше Даниел Синани.

Реваншот меѓу Дуделанж и Шкендија во Луксембург се игра во четврток, но после домашниот пораз мали се шансите за тетовчани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…