Дома Фудбал Останато Нов проблем: Клубовите ќе останат без многу играчи ако сезоната продолжи во јули

Нов проблем: Клубовите ќе останат без многу играчи ако сезоната продолжи во јули

Прекинувањето на сите водечки првенства во Европа постави многу прашања на кои се уште никој не може да даде конкретен одговор, бидејќи до сега немало слични ситуации.

Една од варијантите на која ќе се одлучува утре на состанокот на УЕФА ќе биде одложување на Европското првенство и првенствата да се доиграат во јуни и јули.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, медиумите ширум Европа по тоа видоа друг важен проблем за клубовите и тој е поврзан со многу играчи.

Имено, играчите кои се на позајмица во одредени клубови се со договор до 30ти јуни, притоа сите фудбалери кои се во последната година од договорот имаат потпис до 30ти јуни.

Прашање е дали тие фудбалери ќе можат да настапуваат за своите клубови доколку сезоната биде продолжена и после 30-ти јуни.

Веројатно УЕФА треба да донесе одлука и за ова прашање, а можноста е договорите автоматски да бидат продолжени до завршувањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…