Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг ја изненади јавноста со последната изјава во која се осврна на својот следен трансфер, кој се очекува веќе долго.
Имено, Обамејанг веќе не се интересира за заминување во Реал Мадрид со кој долго се поврзуваше. Порано изјавуваше дека покојниот дедо имал желба да го види во дресот на кралскиот клуб и дека ќе се потруди да ја исполни таа негова желба, но се чини дојде до пресврт во целата таа ситуација.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Реал Мадрид повеќе не е моја желба и не мислам многу за тоа веќе. Исто така, сакам да кажам дека не потпишав нов договор со Борусија бидејќи тоа не е точно. Пазарот е отворен за сите, па така и за мене“, истакна Обамејанг за француските медиуми.
Сепак, постои можност Габонецот сепак да заврши во Мадрид, но во дресот на Атлетико, кој полека го бара наследникот на Антоан Гризман.
„Сите знаат дека Атлетико бара играч ширум светот, бидејќи мислам дека Гризман би можел да замине, а потоа е се возможно. Ќе видиме што ќе биде, ќе ја имам и таа опција“.
Пјер Емерик Обамејанг во Борусија е од 2013. година и во последно време е убедливо најдобриот играч на тимот. Оваа сезона во 23 настапи во сите натпреварувања постигна 21 погодок со три асистенции, но веројатно неговата успешна епизода на „Вестфален“ се приведува кон крајот.