Интер oва лето доведе Сенси, а тој покажа и тоа како голема самодоверба.
Сенси со добрите настапи во Сасуоло се избори за место во репрезентацијата на Италија, а во дресот на „нероаѕурите“ очекува дополнително да напредува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Низ некои медиуми можеше да се прочита за негови споредви со Чави и Сенси од тие споредби воопшто не бега.
„За тоа сонував…Со доаѓањето во Интер започнувам нов живот, но иако сум кратко тука ми изгледа како да сум долго време член на овој клуб. Да, мој идол секогаш беше Чави. Го сметам дури како за член на моето семејство. Растев гледајќи ги неговите натпревари. Навивав за Барселона и се надевам дека ќе играме против нив во финалето од Лигата на шампионите“, објасни Сенси.
Кога во прашање е тимот на Интер, тој смета дека минатата сезона на тимот му недостасувал победнички менталитет, но дека тоа ќе се промени со доаѓањето на Антонио Конте.
„Мислам дека Интер сега има се што му е потребно за да започне да победува“, порача Сенси.
Stefano Sensi feels he can be #Inter’s very own Xavi & that he made ‘the best choice’ rejecting #ACMilan for the Nerazzurri https://t.co/Xutv85ndst #FCIM #FCB pic.twitter.com/x6ayRyCdcZ
— footballitalia (@footballitalia) July 10, 2019