Дома Фудбал Англија Новото засилување на Арсенал: Венгер е најглупавиот човек на планетата

Новото засилување на Арсенал: Венгер е најглупавиот човек на планетата

Исланѓанецот Рунар Алекс Рунарсон е новиот голман на Арсенал кој доаѓа во клубот по заминувањето на Емилијано Мартинез кој премина во Астон Вила.

Рунарсон на „Емирати“ доаѓа од Дижон за два милиони евра и потпиша договор до 2024 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Секако на позицијата прв голман неприкосновен е Бернд Лено, па Рунарсон ќе ја има улогата на резервен голман.

Веднаш по потписот на социјалните мрежи се појави фотографија од твит на Рунарсон во 2011 година. Во твитот тој го критикува тогашниот тренер на клубот Арсен Венгер.

„Арсен Венгер дефинитивно е најглупавиот човек на планетата“, гласи неговиот твит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гатузо скапо ќе го плати поразот во Зеница, во игра се двајца познати тренери за негова замена

Поразот на Италија во Зеница против нашата репрезентација може да има големи последици за …