Дома Топ вести Нови правила во ПСЖ, Меси, Нејмар и Мбапе не смеат да користат телефони

Нови правила во ПСЖ, Меси, Нејмар и Мбапе не смеат да користат телефони

Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие им забрани на најголемите ѕвезди на тимот, Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, како и на другите фудбалери да користат мобилни телефони за време на клупскиот појадок и ручек, објави португалски „Рекорд“.

Галтие исто така наредил споменатата тројка да вечера со остатокот од тимот во тренинг кампот, освен во посебни прилики.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мерките на новиот тренер значат и дека пристигнувањето на тренинг е меѓу 8:30 и 8:45 часот, а секој фудбалер кој доцни може слободно да се врати дома.

Фудбалерите на ПСЖ моментално се на турнеја во Јапонија каде го совладаа Кавасаки Фронтале со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Хартс и Канзас се огласија: На повидок крај на сагата со Мато!

Според најновите информации, се чини дека Хартс излегува како победник во заплетот околу Р…