Дома Останати Тенис Нови лоши вести за Ѓоковиќ на АТП листата

Нови лоши вести за Ѓоковиќ на АТП листата

Новак Ѓоковиќ на следната АТП-листа ќе остане на шестата позиција, иако ќе го премине Стефанос Циципас, затоа што Каспер Руд се пласираше во полуфинале на Мастерсот во Монтреал и така ги премина двајцата.

Руд го совлада Оже-Алиасим од Канада и закажа полуфинале со Хуркач, па така има обезбедено 95 бодови повеќе од Ѓоковиќ, а има можност и дополнително да напредува.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Доколку слави против Хуркач, тогаш ќе го премине и Карлос Алкараз и од понеделник ќе биде четврти тенисер во светот, а ако слави и таму, тогаш ќе стигне на 115 бода од Рафаел Надал, кој е трет на ранг-листата.

Во второто полуфинале на турнирот играат Даниел Еванс и Пабло Карено Буста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…