Дома Топ вести Нови детали: За трансферот на Буфон се чека само официјализација – се е готово!

Нови детали: За трансферот на Буфон се чека само официјализација – се е готово!

Се чека само официјалната потврда!

Пред два дена силно одекна веста дека легендарниот голман Џанлуиџи Буфон се враќа во Јувентус после неуспешната едногодишна авантура во Пари Сен Жермен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога би можел да го врати времето Буфон веројатно не би повлекол таков потег, но затоа во актуелниот преоден рок има прилика да се врати во клубот каде што е сметан за вистинска легенда и каде што помина цели 17 години.

Како што стојат работите тоа и ќе се случи.

Неговиот менаџер потврди дека постои желба популарниот Џиџи да се врати во Јувентус, а денес од блиски извори се појавија нови информации за деталите од договорот.

Буфон во Јувентус ќе заработува милион ипол евра плус дополнителни бонуси, после таа година тој би требало да превземе некоја од директорските функции во клубот.
Очекувањата се да биде официјализирано многу брзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …