Реал Мадрид спрема големи засилувања во летниот преоден рок и покрај фактот што „кралевите“ играат одлична сезона.
Неколку ѕвезди сигурно ќе го напуштат Реал на крајот на сезоната (Иско, Бејл, Азар…), а главна ѕвезда на преодниот рок треба да биде Килијан Мбапе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал веќе има договор со ѕвездата на ПСЖ и Мбапе се очекува да пристигне како слободен агент на „Сантиаго Бернабеу“, но покрај него Реал работи на доведување на уште две ѕвезди.
Реал ќе добие засилувања и во одбраната и во средниот ред. Антонио Рудигер од Челси се очекува како слободен агент да пристигне во Мадрид, а според „АС“, договорено е и доаѓањето на Орелиен Чуамени.
Одличниот играч за врска на Монако треба да биде наследник на Каземиро во средниот ред, а за него „кралевите“ ќе платат 60 милиони евра.
Real Madrid have wrapped up the signing of Aurélien Tchouaméni and are looking to fit Antonio Rüdiger’s economic demands into their wage bill, per @diarioas. pic.twitter.com/cM5O3Ky6Uk
— Zach Lowy (@ZachLowy) April 21, 2022