Герет Бејл на крајот на сезоната го напушта Реал Мадрид и по осум години ќе го напушти Мадрид како слободен играч.
Селекторот на Велс Роберт Пејџ најави каде би можел Бејл да ја продолжи кариерата. Имено, тој смета дека е логично Бејл да потпише за Кардиф, клуб кој се натпреварува во Чемпионшип.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот Велшанец моментално е фокусиран на баражот за Светското првенство, каде Велс на 5 јуни ќе игра против подобриот од дуелот Шкотска – Украина. Потоа Бејл ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, а една од опциите е Кардиф, клуб кој доаѓа од градот во кој е роден 32-годишниот и каде живее неговото семејство.
“Тоа би имало смисла. Иако Герет е тој што одлучува на крајот. Но, целосно е во право кога вели дека сега сите сме посветени на 5. јуни, па потоа на ред ќе дојдат личните работи.”, рече Пејџ.
„Можеме да зборуваме за тоа, но секој има свое мислење. За мене има смисла Бејл да дојде во Кардиф бидејќи тоа е место кое му е познато“, додаде селекторот на Велс.