Дома Фудбал Останато Новиот договор на Мбапе ги менува плановите на ПСЖ

Новиот договор на Мбапе ги менува плановите на ПСЖ

Пари Сент Жермен сака што побрзо да потпише нов договор со Килијан Мбапе, бидејќи напаѓачот на лето влегува во последната година од договорот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот шампион е блиску до продолжување на соработката со Нејмар, но со Мбапе преговорите не течат така лесно. Ако потишат двајцата нови договори тоа ќе потроши поголем дел од буџетот.

Парижаните сакаат да ги донесат Лионел Меси и Серхио Рамос на лето, па ќе мора да бираат, а тоа може да доведе до продажба на Килијан Мбапе.

Пред неколку дена Мбапе изјави дека се уште нема донесено конечна одлука, но потврди дека преговара со клубот за нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Има договор! Милан го собори рекордот со првиот трансфер кај Аморим

Милан постигна договор за привлекување на напаѓачот од Пари Сен Жермен и португалскиот реп…