Леон Бејли е на мета на многу европски гиганти, а најсилен интерес зе него во моментов покажува Манчестер Јунајтед.
Станува збор за крилен напаѓач на Генк кој има само 19 години, а во својата татковина е познат како „новиот Де Брујн“, што само покажува за каков талент се работи.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Многу клубови, меѓу кои Манчестер Јунајтед го посакуваат во своите редови, но Бејли има еден важен услов до Жозе Мурињо.
„Со заминувањето во Премиер лигата би го остварил детскиот сон. Но, ако Јунајтед не ми гарантира минути, тогаш ќе останам во Генк. Единствено што ми е важно е да играм, и тоа многу. Тоа е основната и најважната работа за мене и мојот напредок во кариерата“, изјави Бејли.
„За тоа кога и каде ќе заминам му го препуштам на мојот менаџмент. Оној момент кога ќе има нешто конкретно ќе седнам на маса со моите луѓе и ќе ги разгледам сите опции“, додаде талентираниот фудбалер.