Килијан Мбапе има голема желба да игра за Реал Мадрид, па најверојатно следното лето ќе е пресели на „Сантиаго Бернабеу“ како слободен агент.
Реал до последните моменти од преодниот рок се обидуваше да го донесе Мбапе, но ПСЖ ги одби сите понуди.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Новинарот Баптист Деспре во својата книга ја открива темната страна на Мбапе и смета дека „кралевите“ може да направат голема грешка со него.
„Мбапе има неверојатен потенцијал, но не е лесен за соработка. Кога работите не одат како на Европското првенство, тој станува непријатен. Тоа секако влијае на цела екипа и балансот во соблекувалната“, открива Баптист.
Мбапе играше лошо на ЕП, а потоа промаши и решавачки пенал против Швајцарија што предизвика големи критики во медиумите.
„Кога соиграчите нема да му посветуваат внимание, кога нема да ја добива секоја топка, тој брзо ќе се налути и така ги иритира другите играчи“, додаде новинарот.