Баерн вчера шокантно беше елиминиран од 1/16 финалето во германскиот куп. Германскиот и европски шампион беше елиминиран на пенал од второлигашот Холстеин Кил.
После овој натпревар интересен настап пред медиумите имаше Томас Милер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа е што…Животот оди понатаму. Ќе продолжиме да работиме и ќе се обидеме што побрзо да го заборавиме овој пораз. Изгубивме од аутсајдер. Не можам да верувам дека со недели зборуваме за ситуации како при првиот гол и повторно примаме гол на таков начин. Тоа е многу разочарувачки“, изјави Милер.
Новинарката Велеска Хомбург го праша и каква е атмосферата во соблекувалната. Во таа ситуација Милер забележа насмевка на нејзиното лице.
„Што вие мислете, каква е атмосферата? Што? Тоа вас ви е смешно?!“, луто одговори Милер додека новинарката се правдаеше дека не се насмеала.