Поранешниот фудбалер Али Дија важи за еден од најголемите измамници во историјата на светскиот фудбал.
Ретко кој може да се пофали дека самиот себе си средил трансфер во Премиер лигата, тоа на Али Дија му успеа во 1996 година кога потпиша за Саутемптон. После 24 години Сенегалецот важи за најлошиот играч во англискиот фудбал. За неговиот трансфер зборуваше тогашниот тренер Грем Санс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој денес тврди дека уште на почетокот му било јасно дека Дија ќе биде бескорисен.
„Убава и смешна приказна. Не е баш онака како што читавте и слушате“, започна Санс за „Скај Спорт“:
„Некој од клубот доби повик дека внук на Џорџ Веа сака да дојде на проба. Мет (Ле Teсиер) ќе ви каже дека во тој период имавме многу играчи на проба. Така го добивме Ејала Берковиќ. Се појави и тој. Немавме доволно играчи, а после пет минути се гледа дали некој може да игра. Тој беше бескорисен. Во текот на неделата ни отпаѓаа играчи поради повреда, Мет нас ни беше единствен здрав напаѓач и против Лидс се повреди после 20 минути. Скаутот Тели Купер кажа дека Али Дије е на клупа. Најлошото што можеше да се случи е да влезе и да биде очаен. Ние после пет минути на тренингот знаевме дека е лош, но ова е добра приказна“.
Потоа се вклучи поранешниот напаѓач на Саутемптон Мет Ле Тисиер.
„Искрено, мислев дека победил на некое натпреварување па како награда добил тренинг со нас. Кога се појави во саботата во соблекувалната очекував да одржи некој говор. Таа недела го истегнав мускулот изведувајќи пенали, меѓутоа убеден бев дека ќе бидам здрав. Сепак, после 20 минути морав надвор и моја грешка е што ме замени најлошиот играч во историјата на Премиер лигата“, изјави Ле Тисиер.