Дома Трансфер зона Нова понуда од Барса за Интер за Лаутаро: Дали Фирпо вреди 41 милион евра?

Нова понуда од Барса за Интер за Лаутаро: Дали Фирпо вреди 41 милион евра?

Медиумите во Шпанија и Италија пишуваат за нов обид на Барселона да го убеди Интер да го пушти Лаутаро Мартинез. Мартинез ќе биде приоритет за Барселона во преодниот рок кој следи и на многу начини се обидуваат да го доведат.

На Барселона не и се сплаќа 111 милиони евра колку што изнесува откупната клазула на Аргентинецот од 1. до 15. Јули, па се обидува со некако да ја намали цената. Последната понуда која се споменува е во неа да биде вклучен Жуниор Фирпо и 70 милиони евра. Но дали Фирпо вреди 41 милион евра?


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Според информациите на „Мундо Депортиво“ Барселона го проценува Фирпо на таа вредност иако реално тешко дека Интер ќе прифати таква понуда. Барселона го доведе за 18 милиони евра. Притоа во главно беше резерва на Жорди Алба и запиша 12 натпревари во Ла Лига и три во Лигата на шампионите.

Интер претходно инсистираше на чисти пари или 90 милиони евра уплата, плус еден играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …