Барселона очекува наскоро да добие дозвола од Фудбалскиот сојуз на Шпанија за вонреден трансфер.
Сезоната за Луис Суарез и Осман Дембеле е завршена, па Барса се најде во проблем, меѓутоа во Шпанија постои правило според кое може на една екипа во ваква ситуација да и се дозволи трансфер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа тој играч мора веќе да е регистриран во Фудбалскиот сојуз на Шпанија, значи дека не може да доведат играч од друго првенство.
Интересно е што најновот име на мета на Барса е – Луис Суарез! Станува збор за напаѓач на Сарагоса кој игра навистина одлична сезона.
Помалку познатиот Луиз Суарез оваа сезона постигна 14 гола на 24 натпревари за Сарагоса и така го сврте вниманието на шпанската јавност. Инаку, тој е играч на Втофорд,, но никогаш не заигра за англискиот тим бидејќи брзо беше позајемн во Сарагоса.
Во текто на наредната недела се очекува Барса официјално да добие дозвола и во наредните 14 дена (од добивањето на дозволата) ќе треба да го завршат вонредниот трансфер.