Манчестер Јунајтед во јануари повторно ќе тргне по холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.
Тен Хаг значително го засили нападот со доаѓањето на Антони, но не се откажува од идејата да го донесе Гакпо на „Олд Трафорд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Јунајтед не успеа да го донесе во летниот преоден рок.
Гакпо е еден од најголемите таленти во Холандија во овој момен и оваа сезо на 22 меча постигна 13 гола и запиша 16 асистенции во сите натпреварувања.
Наводно Гакпо веќе има договор со „црвените ѓаволи“, а преговорите помежу двата клуба брзо напредуваат и наскоро се очекува конечен договор.
🚨🗣️ Talks between #PSV and #ManchesterUnited for Coady #Gakpo are progressing quickly and positively. #MUFC
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) November 4, 2022
🫱🏻🫲🏼 The feeling is that an agreement for the 🇳🇱 left-winger – highly requested by #TenHag – could be reached already in the coming weeks.🐓⚽️ #Transfers #Calciomercato pic.twitter.com/uvSNWxXOUj