Дома Топ вести Новата „кралска“ ѕвезда: Добил име по легендата, а сонот му го оствари – Рафа Надал

Новата „кралска“ ѕвезда: Добил име по легендата, а сонот му го оствари – Рафа Надал

Можеби и најголемата сензација ви фудалска Европа од почетокот на сезоната се вика Марко Асенсио. 21-годишниот играч на Реал Мадрид минатата сезона се појави на големата сцена, во главно како ротација на Зидан, но оваа сезона очигледно хиреархијата е променета.

Го одбележа шпанскиот Суперкуп со прекрасни голови во двата меча, а во ист ритам продолжи и во шпанското првенство постигнувајќи два гола против Валенсија. Сите четири гола беа спектакуларни, па голманите останаа скаменети и немоќни ништо да сторат.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Марко Асенсио Вилемсон роден е во градот Палма на Балеарските острови како дете на татко Шпанец и мајка Холанѓанка. Неговиот татко и препуштил на својата сопруга Марија Маргарета, која почина од рак во 2011 година, да го избере името, а таа избрала Марко по нејзиниот омилен фудбалер Марко ван Бастен.

Името се покажало како судбинско – покрај фактот што е на добар пат да стане фудбалска суперѕвезда, Асенсио како и легендарниот Ван Бастен поседува ретко видена елеганција на фудбалските терени.

Можел да стане играч на Атлетик Билбао и Барселона
Таа особина, според зборовите на неговите соиграчи, ја наследил од неговиот татко кој играл за неколку нисколигашки клубови во Баскија. Таткото Жилберто се надевал дека неговиот син ќе заигра за Атлетик Билбао, а таа можност се појавила откако Асенсио стана професионалец во Мајорка.

Меѓутоа, баскискиот клуб го одбил Асенсио бидејќи „не се вклопувал во нивната визија“, а како логична опција се појавила Барселона поради географската близина. Сепак, желбата на Асенсио била да заигра за тимот кој навива од дете, Реал Мадрид, а тој сон му го исполни – Рафаел Надал.

Славниот тенисер исто така доаѓа од Балеарските острови, голем фан е на Реал, а неговиот вујко тогаш бил спортски директор во Мајорка. Надал му помогнал на Флорентино Перез во преговорите околу трансферот кој изнесуваше само 4 милиони евра. Барса тогаш се обидуваше да ја намали цената понудувајќи 2,5 милиони и таа грешка долго ќе ги прогонува Каталонците.

Асенсио денес е играч кој претставува иднина на Реал Мадрид, а навивачите и медиумите се согласни дека тој мора да биде во стартните 11, а некој од триото BBC мора да оди на клупа.

Роналдо моментално ја одработува суспензијата и на некој начин му помогна на Зидан во тешката одлука – која од големите ѕвезди ќе заврши на клупата за да му отстапи место на Асенсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…