Иако се најавуваше трансфер во Барселона, сепак дефанзивецот на Челзи Цезар Аспиликуета потпишал нов договор со „сините“.




Шпанецот подолго време се поврзуваше со трансфер во Барселона, но сепак на крајот ја продолжил соработката со премиерлигашот.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Информациите се дека Аспиликуета прифатил трансфер во Челзи, меѓутоа Барселона никако не можела да го убеди англискиот клуб да го ослободи од договорот.




Се е веќе завршено, па така Аспиликуета ја продолжи соработката на две години, многу брзо се очекува и потврдата од таборот на лондонскиот клуб.



