Oд продолжувањето на прекинатиот натпревар помеѓу истанбулските гиганти Фенербахче и Бешикташ нема да има ништо бидејќи фудбалерите на гостинскиот тим не се појавија на теренот.
Натпреварот од полуфиналето од турскиот куп помеѓу Фенербахче и Бешикташ беше прекинат пред 14 дена кога домашните навивачи го погодија гостинскиот тренер Сенол Гунеш со паричка во главата, но Фудбалскиот сојуз на Турција одлучи натпреварот да биде продолжен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, екипата на Бешикташ не се појави на теренот. Тие и претходно најавија дека нема да се појават на теренот, па судијата Мете Калкаван означи крај на натпреварот.
Фенербахче така ќе помине во финалето од Купот на Турција со службена победа од 3:0, а доаѓањето на стадионот играчите на Фенербахче го искористија за полесен тренинг.