Дефанзивецотр на Реал Мадрид, Пепе ќе го напушти „кралскиот“ клуб после 10 години, а во трката за неговиот потпис се вклучи Пари Сент Жермен.
Како што пренесуваат португалските медиуми Пепе се наоѓа во напредни преговори со ПСЖ и многу е веројатно ова лето да се пресели во Париз како слободен играч.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
34-годишниот Пепе на крајот на сезоната станува слободен играч, па иако долго време се говореше дека ќе се пресели во Кина, сепак кариерата ќе ја продолжи во Европа.
Тој цели 10 години го носи дресот на Реал Мадрид, откако во 2007 година за тогаш рекордни 30 милиони евра пристигна од Порто.
Со „кралевите“ освои бројни трофеи, а „светците“ сметаат дека со него ќе го добијат потребното искуство во одбраната.