ПСЖ е подготвен да плати 195 милиони фунти за ѕвездата на Барселона, Нејмар.
Францускиот гигант одлучи да испрати понуда за капитенот на бразилската репрезентација во висина од 195 милиони фунти што е и негова откупна клаузула.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ПСЖ веќе неколку пати испрати понуди за Бразилецот, меѓутоа сите беа одбиени, но овојпат е забележан посакуван напредок во преговорите. Како што пренесуваат медиумите, таткото на Нејмар оваа недела заминал во Париз за да разговара со челниците на клубот околу иднината на неговиот син.
Конечната одлука ќе остане на Нејмар, а што ќе се случи ќе биде познато во најскоро време.
Нејмар беше поврзуван со големи клубови ова лето, меѓутоа сите можни шпекулации ги демантираше, постојано потенцирајќи дека ќе остане на „Камп Ноу“.