Италијанските медиуми во последните денови се занимаваа со иднината на македонскиот напаѓач Илија Несторовски.
Изгледаше прво дека неговиот трансфер во Тернана е завршена работа, дури оптмистичка изјава даде и претседателот на овој клуб. Сепак, вчера се појави информација од Џанлука Ди Марцио дека Козенца успеала да ја сврти ситуацијата во своја корист.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес познатиот инсајдер за трансфери тврди дека ништо не е готово околу иднината на македонскиот напаѓач, а опција е дури и бразилск Сантос, се споменува уште и Асколи.
Во овој момент Несторовски е без клуб откако му заврши соработката со Удинезе.
#Calciomercato | Per lo svincolato #Nestorovski c’è anche l’idea @SantosFC. In Italia piace a @TernanaOfficial, @CosenzaOfficial e @ascolicalciofc
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 24, 2023