Новите сопственици на Ница сакаат во своите редови да го донесат поранешниот напаѓач на ПСЖ и Наполи, Езекил Лавеци.
Ница предводена од Балотели игра фастастично оваа сезона и се наоѓа на врвот на Лига 1, па доколку успеат да го донесат Лавеци сигурно ќе бидат еден од главните кандидати за титулата.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тандемот Балотели – Лавеци сигурно би бил застрашувачки за противничките одбрани, но и за ПСЖ кој иако има ѕвезден тим во моментов заостанува на табелата.
Француските медиуми тврдат дека сопствениците на Ница се сериозни во намерата да го донедат Лавеци во јануарскиот преоден рок и значително да го засилат тимот на повеќе позиции.